Нова понуда на Лестер за ѕвездата на Вотфорд, дали ова може да се одбие?

Лестер по секоја цена го сака во својот тим Трој Дини, напаѓачот на Вотфорд.

Напаѓачот на Вотфорд, Трој Дини е голема желба на тренерот Клаудио Раниери.

Италијанецот е воодушевен од Дини, го сака по секоја цена во тимот и после првата неуспешна понуда стигна и втора која Вотфорд тешко дека ќе ја одбие.

Лестер овој пат понуди 25 милиони фунти за 27-годишниот напаѓач кој во првата сезона во ПЛ постигна 13 погодоци.

Со години е најдобар стрелец на Вотфорд, навивачите најмногу го сакаат и тешко дека Вотфорд ќе сака да го продаде.