Нова сензација на СП: Роналдо си оди дома, Мароко е полуфиналист! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Мароко е најпријатното изненадување на Мундијалот во Катар, а вечерва славеше против Португалија со 1-0 и избори пласман во полуфинале.

Португалците нападнаа уште на стартот и првата шанса ја имаа во петтата минута, но ударот на Жоао Феликс го одбрани Боно.

Мароко во продолжение од средбата се закани, а во 42. минута прекрасен гол постигна Јусуф Ен-Незири, кој имаше неверојатен скок и ја испрати топката во мрежата на Коста.

Екипата на Сантош се обиде да се врати во средбата, создаде неколку шанси, но не можеше да најде решение за расположените фудбалери од Мароко.