Новак Ѓоковиќ има нов тренер за Ролан Гарос


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Веќе некое време Новак Ѓоковиќ изјавува дека новиот главен тренер може да биде единствено некој што веќе добро го познава. И токму таков пристигна – Виктор Троицки е новиот член на Ѓоковиќевиот тим, соопштува Спорт клуб.

Троицки беше забележан покрај Ѓоковиќ на тренингот на Роланд Гарос во вторникот, кога Ноле спарингуваше со Александер Зверев.

Како селектор на Дејвис куп тимот на Србија, Троицки беше тренер на Ѓоковиќ на Олимписките игри 2024. година, кога Ноле стигна до историското злато.