Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга го победија коронавирусот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на Ковид-19. Тоа го покажаа најновите резултати на тестот, кој го направија во Белград.

Тие двајца немаат никакви симптоми на вирусот, а тестот го направија по претходен договор со докторите.

Во претходните 10 дена, по враќањето од Задар, семејството Ѓоковиќ беше во самоизолација и ги следеше сите протоколи и безбедносни мерки поврзани со вирусот.

Најдобриот тенисер во светот минатиот вторник објави дека тие двајца се позитивни на вирусот, по доаѓањето од Задар, каде што учествуваше на „Адрија Тур“.

Покрај Ѓоковиќ, позитивни тестови имаа Виктор Троицки, Григор Димитров, Борна Чориќ и многу други тенисери.