Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјави дека се надева дека ќе биде подготвен за турнирите во Азија по проблемите кои ги имаше со рамото на УС Опен.
Ѓоковиќ го предаде натпреварот во четтвртото коло против Стан Вавринка и од тогаш се појавија шпекулации дека ќе мора и на операција по која ќе пропушти голем дел од сезоната.
„Ви благодарам на сите на големата поддршка и интересот за моето рамо. Во процес на рехабилитација сум и се надевам дека ќе бидам подготвен веќе за следниот турнир во Токио. Секако ќе ви јавам со новостите. Ви благодарам уште еднаш“ –истакна Ѓоковиќ.
Турнирот во Токио е закажан за 30 септември, па можно е Ѓоковиќ да се врати до крајот на овој месец.