Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ферари, Шарл Леклер славеше на трката за Големата награда на Бахреин со која почна новата ера во Формула 1.
Леклер на патеката Сакир на италијанскиот тим му го донесе првиот триумф по две ипол години и трката во Сингапур во 2019 година на која славеше Себастијан Фетел.
Леклер по третпат во кариерата успеа да слави во Ф1, а веднаш зад него заврши тимскиот колега Карлос Саинц, додека третата позиција му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Бранителот на титулата, Макс Ферстапен од Ред Бул не успеа да ја заврши трката, како и неговиот колега Перез, кој остана без мотор во последниот круг од трката во Бахреин.