Новата сезона во Ф1 ќе почне на 5 јули со трката во Австрија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новата сезона во Формула 1 требаше да почне минатиот месец со трката за Големата награда на Австралија, но тоа е одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Откако беа откажани неколку трки, за почетокот на сезоната неодамна почна повторно да се зборува. Ситуацијата со вирусот се смирува во Европа, па има простор да се преговара за тоа кога ќе се вратат трките.

Англиските медиуми пишуваат дека трки би можеле да почнат да се возат на 5 јули и тоа со трката за Големата награда на Австрија. По неа постои план да се одржат уште две трки во Велика Британија.

Во Австрија веруваат дека министерот за спорт, Вернер нема да го блокира одржувањето на трката на патека, но тоа ќе мора да се случи пред празни трибини.