Новата ѕвезда на Реал Мадрид е голема грешка на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио одигра фантастичен натпревар против Севиља.

Асенсио постигна фантастичен погодок за водство на кралскиот клуб и ја воодушеви фудбалската јавност. Сепак, приказната за доаѓањето на овој млад фудбалер на Сантијаго Бернабе е многу интересна.

Асенсио е роден во Мајорка каде ја почна својата кариера, но константно беше на мета на Реал Мадрид и Барселона. Пред две години Асенсио беше на чекор од Барселона, клубот за кој навива од мали нозе.

Каталонците се договорија, но во последен момент одлучија да платат за Асенсио на рати, а тоа Мајорка го одби. На Барселона и беше многу да плати одеднаш 4 милиони евра и трансферот пропадна. Неколку дена после тоа Асенсио заврши во Реал за 3.9 милиони евра.

Треба да додадеме дека Барселона после тоа на Камп Ноу го доведе за 5.5 милиони евра. Познато е дека бразилскиот фудбалер е едно од најлошите засилувања во историјата на Барселона.