Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона троши милиони евра и купува скапи засилувања, а во исто време се бори со големи долгови.
Каталонскиот гигант ги купи Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, а притоа ги уценува Френки Де Јонг, Жерар Пике и други да ги намалат платите.
„Умтити и Депај ги уценуваат да заминат, а доколку бидат дел од екипата, тогаш на 31 август ќе им биде раскинат договорот“, пишуваат каталонските медиуми.
Не е тајна дека Де Јонг го тераат да ја намали високата плата, а тој не сака да си замине од клубот, иако претходно се обидоа и да го продадат.
„Доколку Пике не се согласи на ново намалување на платата, тогаш Барселона нема да може да ги регистрира Левандовски, Рафиња, Кунде, Кеси и Кристенсен, иако продаде ТВ-права“, пишува „Диарио АС“.