Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред 10 години легендарниот возач Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Франција, по што повеќе детали никогаш не беа објавени во јавноста, освен дека се наоѓа во кома.
Шумахер беше во кома околу шест месеци, а докторите се бореле за неговиот живот, по што никогаш не се појави во јавност.
Овој пат за неговата состојба зборуваше Џони Херберт, кој откри нови детали кои досега не беа познати.
„Добиваме информации од втора рака. Знам да прочитам меѓу редови. Не сме слушнале многу детали од семејството и тоа е разбирливо. Сите би сакале да знаеме дали работите се движат во позитивна насока. Слушнав дека Шумахер седи на столче кога вечера, но не знам дали тоа е вистина“, вели Херберт.