Нови главоболки за Јирген Клоп, му се повреди еден од најдобрите играчи оваа сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп би можел да остане без својот прв голман за клучниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Алисон речиси сигурно ќе ја пропушти средбата против Борнмут во рамките од 29. коло од Премиер лигата, а како што стојат работите веројатно нема да игра ни против „јорганџиите“.

„Тој имаше мал инцидент пред натпреварот со Челси и не сакавме да ризикувавме. Планот беше секако да биде на клупата. Еден ден подоцна се сомневавме и најдоа нешто, станува збор за мускулите во колкот. Не е достапен и ќе видиме, следната недела сигурно нема да игра“ –изјави Јирген Клоп.

Алисон ќе биде заменет од Адријан кој бранеше и против Челси и имаше голем кикс и беше виновник за првиот примен гол. Шпанецот и претходно се покажа како голем киксер, па Клоп има за што да стравува пред средбата со Атлетико Мадрид на „Енфилд“.