Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во понеделник одигра натпревар во Премиер лигата против Арсенал.
Во тој натпревар настапи и Пол Погба, а Французинот минатата седмица исто така одигра 90 минути против Рошдејл.
Тој се врати по заработената повреда поради која пропушти и два натпревари на репрезентацијата на Франција кои се играа пред почетокот на септември.
Французинот играше во последните два натпревари, но не отпатува со екипата во Холандија каде Манчестер ќе игра против Аз Алкмар во Европа лигата.
Сега стигнува и вест дека специјалист дал свое мислење, а тоа е дека Погба во наредниот период ќе мора да одмара и да оди на конзервативни тренинзи поради повреда која ја здобил во натпреварот против Саутепмтон во август, а новите информации се очекуваат во наредните денови.
Лоша вест е ова за Солскер кој е веќе без многу играчи.