Новинар го изненади Мане со прашање за Левандовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Садио Мане неодамна го засили Баерн Минхен, откако беше откупен од Ливерпул како еден од најголемите трансфери летово.

Сенегалскиот напаѓач без дилема ќе биде од голема важност во играта на баварскиот гигант, но сега во Минхен сите ја чекаат одлуката на Роберт Левандовски.

Полјакот кажа неколку пати дека сака да си замине од германскиот шампион, а како негова следна дестинација се споменува Барселона.

Еден од германските новинар го праша Мане за ситуацијата на Левандовски и дали смета дека Полјакот треба да остане во Минхен.

„Не сум вистинска личност која треба да зборува за него. Нема сомнеж дека Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, кажа Мане.