Новинар објави дека Алвеш се самоубил – веднаш реагираше брат му!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот новинар Пауло Албукерке објави лажна вест дека поранешниот фудбалер Дани Алвеш се самоубил во затвор, а веднаш потоа се јави братот на екс-ѕвездата на Барселона да ја демантира објавата.

Алвеш е осуден на затворска казна поради силување во ноќен клуб во Барселона, а Албукерке привлече големо внимание со неговата вест.

„Како може да бидат толку сурови луѓето. Тој е осуден поради зборови на жена која влегла во машки тоалет за да прави нешто што само тие двајца го знаат. Тој е веќе осуден, зарем не е доволно?“, праша братот на Алвеш.