Новинарите го изнервираа Зидан, па Французинот реагираше остро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид имаше прес-конференција со новинарите пред продолжение на сезоната и натпреварот против Еибар во сабота, а главна тема беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд.

Реал во сабота од 16.45 часот се враќа на терен по две недели од последниот меч.

Тоа што го изнервира Зидан на прес-конференцијата беше прашањето на новинарите за Халанд.

„Тој не е мој играч. Не ме интересира што се случува надвор. Ме интересира само натпреварот против Еибар. Можете да зборувате што сакате, да прашате за Халанд или да поставите добро фудбалско прашање“, вели Зидан.