Новиот член на Премиер лигата доведува големо засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Хал Сити не сака да биде само набљудувач во новата сезона на Премиер лигата, во која се вратија после една година во Чемпионшип.

Според пишувањата на британските медиуми, Хал е многу блиску до доведување на големо засилување во нападот.

На прагот до потпис за овој клуб се наоѓа Раул Бобадила, 29-годишниот напаѓач на Аугсбург.

Од доаѓањето во Аугсбург во 2013 година од Базел , Бобадила одигра 86 натпревари и постигна 24 погодоци, а со доста успех игра и за репрезентацијата на Парагвај.

Хал за Бобадила ќе плати 6.5 милиони евра оштета, а официјална потврда се очекува во наредните денови.