Новиот газда на Челси сака да потпише со Меси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот бизнисмен Тод Боели има нов луд план, а тоа е да потпише договор со Лионел Меси кој на крајот на сезоната заминува од ПСЖ.

Аргентинецот во моментов е во преговори за враќање во Барселона, но каталонскиот гигант има сериозни финансиски проблеми и затоа не може да му понуди висока плата.

Тоа сака да го искористи премиерлигашот Челси, односно газдата Боели кој е подготвен да му ги исполни сите желби на аргентинскиот репрезентативец.

Челси оваа сезона има ужасни резултати во Премиерлигата и ќе остане без европските натпреварувања за следната сезона.