Новицки во свој стил ги постигна последните поени и замина во легендите (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендата на Далас маверикс, Дирк Новицки конечно реши да стави крај на кариерата, па синоќа го одигра последниот меч.

Неговиот Далас на крајот на регуларниот дел од сезоната го пречекаа Сан Антонио спарс, па Новицки постигна 20 поени и десет скокови, а последните поени ги постигна во самиот финиш од мечот.

Германецот со „степ бек“ ги постигна своите последни поени во својата 21-годишна професионална кариера.

Набрзо по последниот кош Новицки го напушти паркетот и доби овации од домашните навивачи во Сан Антонио.

Новицки така застана на бројката од 31.560 поени во најсилната кошаркарска лига во светот.