Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар едвај се врати дома од гостувањето во Португалија, по што дозна информација дека нивната пресметка против ПСЖ е одложена, а сега поради пандемијата е одложено и гостувањето кај Фленсбург.
Причината е тоа што Вардар гостуваше во Португалија, а бидејќи таа земја е во црвената зона, ракометарите на поранешниот европски шампион ќе мора да бидат во карантин ако заминат за Германија.
Ова е ново одложување за екипата на Вардар, па се поставува прашањето дали има време да се одиграат сите одложени натпревари до 5 март, кога е последниот рок предвиден за такво нешто.
Засега нема термини во кои би се играле натпреварите и се очекува реакција од ЕХФ.