Новото засилување на Барселона: Не можам да дочекам да играм со Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новото засилување на Барселона, Франциско Тринкао истакна дека не може да дочека да заигра со Лео Меси во Барселона.

Тринкао во јануари реализираше трансфер од Брага во Барселона за сума од 31 милиони евра, но остана во португалскиот клуб како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

„Со нетрпение очекувам да го запознам и да играм со него. Кога трансферот беше готов, беше неверојатно, остварување на сонот за мене. Абел Руиз ми кажа што ме очекува. Од играчите, градот, од се“ –изјави Тринкао.