Њукасл договори ѕвезда на Евертон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Њукасл оваа сезона игра одлично и е на добар пат да избори место во Европа за следната сезона, а зимава продолжи со засилувањата.

Англиските медиуми објавија дека на „Сент Џејмс Парк“ доаѓа доскорешниот фудбалер на Евертон, Ентони Гордон за 45 милиони фунти.

Гордон е еден од најбрзите фудбалери во Премиерлигата и игра во офанзивната линија, па без сомнеж се очекува да биде големо засилување за Њукасл.

Исто така, капитенот на Њукасл, Киран Трипие потпиша нов договор до 2025 година.