Њукасл конечно избра нов тренер, но ги разочара навивачите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот кој долго време го предводеше Бормут, Еди Хау ќе биде нов стратег на Њукасл, кој се бори за опстанок во Премиерлигата.

Новите газди на премиерлигашот долго време бараа наследник на Стив Брус, а на крајот изборот падна на Хау, иако имаше и други опции.

Хау стана избор кога многу тренери ги одбија понудите од Њукасл, но одлуката на раководството ги изнервира навивачите.

Меѓутоа, без разлика на нив дали им се допаѓа, Хау треба да биде поставен за тренер на екипата од „Сент Џејмс парк“.

Овој 43-годишен англиски тренер во минатото играше за Бормут и Портсмут, додека тренер на Бормут беше двапати.