Њукасл работи на големо засилување: На „Сент Џејмс Парк“ доаѓа фудбалер од Манчестер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерлигашот Њукасл јунајтед речиси сигурно обезбеди опстанок во елитата по доаѓањето на новите богати газди, а на лето сака да купи неколку големи ѕвезди.

Саудискиот фонд на чело со Мохамед Бин Салман стигна на „Сент Џејмс парк“ и најави дека имаат големи планови за екипата.

На лето Њукасл ќе тргне по реализација на најголемиот трансфер, а тоа е Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Погба во вторник им раскажа на француските медиуми дека не е задоволен во Манчестер јунајтед, каде што ги потрошил своите најдобрите години.

„Оваа сезона нема ништо да освоиме. Да заработуваш пари и мислиш ќе бидеш среќен? Не е така“, вели Погба.