Њукасл со арапските милиони ќе купи две ѕвезди од Барселона!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл наскоро треба да добие нов сопственик и тоа Мохамед бин Салман, кој планира од премиерлигашот да направи европски гигант и да го вклучи тимот во борбата за сите трофеи.

Англиските медиуми во претходните денови пишуваа за желбите на Бин Салман, на листата се додадени и имињата на Филипе Кутињо и Антоан Гризман.

Двајцата фудбалери се на Барселона, но Кутињо во моментов е на позајмица во Баерн, па Каталонците добро ќе заработат ако се реализираат трансферите.

Новиот газда на Њукасл е подготвен да плати дури 240 милиони евра за двете ѕвезди, па доколку навистина планира да ја одвои таа сума, тогаш овој сон на Бин Салман може да стане реалност.