Њукасл веќе ја подготви замената за Бенитез: Уште поголемо име на повидок…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се подготвени да вложат пари во тимот, поради што тоа не го прават кога Бенитез е на клупата?

И натаму не е познато дали Рафаел Бенитез ќе остане на клупата на Њукасл, многу се противречни информации, тој ги спаси, но сега бара поголеми вложувања.

Со Мајк Ешли никогаш не сте сигурни, иако Шпанецот тврди дека има некои позитвини чекори, па се чини дека ништо не е сигурно.

Имено, локалните весници блиски на клубот пишува дека Њукасл го посакува Арсен Венгер, како што се наведува таа опција остана отворена бидејќи Французинот сака да тренира некој клуб, ги одби опциите да биде селектор, но и технички директор, што му понуди ПСЖ, сака да работи на терен.

Тој не ја прифати понудата на Фулам, кога е сменет Јокановиќ, но Њукасл би можел да го заинтересира, пред се поради фактот дека Њукасл можат да напредуваат, дека е во прашање клубот со голема поддршка, како и дека Ешли конечно би можел да донесе добри играчи.

Но, се поставува прашањето поради што тоа истото не му се понуди на Бенитез?