Њукасл во јануари носи засилување од Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерлигашот има големи амбиции во следните години откако пристигнаа богати газди во Њукасл.

Примарна цел на клубот за следната сезона е пласман во некое европско натпреварување, а во моментов Њукасл се наоѓа на третата позиција.

Тренерот Еди Хау бара нови засилувања за екипата, а наводно би можел наскоро едно да добие од Барселона.

Мемфис Депај не е во плановите на Чави Ернандез, па тоа сака да го искористи премиерлигашот и да го ангажира за малку пари бидејќи искусниот фудбалер има договор до крајот на сезоната со Барселона и ова е последна можност да извлечат нешто од него.