Обамејанг „исчезна“ пред натпреварот на Арсенал, па Артета објасни што се случило


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал во саботата беше поразен од Саутемптон во ФА-купот со 0-1 и така остана без шанси да го одбрани трофејот во натпреварувањето.

Натпреварот го пропушти еден од најдобрите фудбалери на лондонскиот тим, а тоа е Пјер Емерик Обамејанг, по што тренерот Микел Артета објасни зошто се случило тоа.

„Имаше лични проблеми неколку часа пред натпреварот и мораше да се врати итно во Лондон. Кога ќе ги реши проблемите, ќе се врати во тимот“, порача Артета.

Арсенал ја подобри формата во Премиерлигата, а Обамејанг постигна четири гола на последните пет натпревари.