Објавена снимка од уцената на Бензема: Валбуена има докази против напаѓачот на Реал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“ е Карим Бензема, кој игра на врвно ниво во последниот период.

Меѓутоа, работите надвор од теренот не му одат како што очекува. Судењето почна во Франција поради изнуда, односно обид да го уцени поранешниот колега од репрезентацијата, Матје Валбуена.

На судењето се појавија четворица обвинети, додека Бензема не дојде, а во негово отсуство сведочеа останатите и доколку биде прогласен за виновен, тогаш би можел да добие затворска казна на пет години.

„Овој случај трае веќе шест години. Сите дојдоа освен Бензема. Жал ми е поради тоа“, кажа Валбуена.

Потоа беше објавена снимка на која може да се слушне како Бензема го уценува поранешниот колега.