Обложувањето може да биде опасно: Сакал да се убие, но на крајот станал шампион во снукер!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Спортските навивачи знаат многу малку за снукерот. Тие кои знаат малку повеќе евентуално имаат слушнато за Рони О`Саливан, темпераментен генијалец, најдобар во историјата кој ги магепсува сите со својот темперамент и неверојатен брз стил на игра.

А тие кои малку често се наоѓале во ситуација во доцните часови да гледаат два играчи како играат снукер, сигурно го забележале и Марк Кинг.

Како во скоро секој спорт, во снукерот играчите најголемите битки ги водат самите со себе. Тоа најдобро го знае О`Саливан, кој во ¼-финале во Англија во 2006 година си бил одвратен самиот на себе бидејќи играл многу лошо и го предал натпреварот на половина игра.

Но кога се викате Марк Кинг и кога сте биле на раб на самоубиство, имате 42 години, 25 години во кариерата чекате на прва титула, а во вчерашното финале на 8 добиени игри губите со 5:1, таа битка личи на светска војна.

Но, откако поминал се во животот, Кинг најде сила и концентрација, па направи пресврт во Северна Ирска и поведе со 7:5. Искусниот Барни Хокинс израмни на 7:7, па на 8:8, но во големата драма на крајот Кинг успеа да победи.

А малку недостигаше, наместо со пехар во рацете, денес да биде бездомник. Или воопшто да не биде жив. Марк Кинг не е најдобриот играч во светот, многумина го сметаат за просечен. Но неговата животна приказна е за секоја критика и пофалба, а самиот вели дека се надева дека луѓето кои имаат проблеми ќе  успеат да излезат на вистински пат.

Поранешниот 11-ти снукер играч во светот(денес 32) до пред осум години беше изгубен во проблемите со обложувањето и жена му се заканила дека ќе го остави и ќе си ги земе децата.

„Се најдов во ситуација во која размислував што и како би ограбил за да дојдам до пари за обложување. Не размислував воопшто дека со тие пари би можел да ги вратам долговите, кои беа големи, туку само да имам пари за својата зависност.“

„Го прашав пријателот да ми помогне, но тој не сакаше. Кога ќе се сетам на тоа, ми се лоши.“

„Обложувањето е на некој начин дел од снукерот. Играчоте на тој начин се опуштаат на турнирите. Но јас не знам да сопрам. Останатите момци губат по 50 фунти и тогаш не играат со месеци. Но не и јас. Ако изгубиш 200 фунти и си велиш дека треба да ги вратиш. Па одиш на следна маса, па на рулет… Тоа е болест.“

Во еден момент тој бил 100.000 фунти должен.

„Неверојатно, но во ниту еден момент не ми падна на памет тие пари да ги вратам со играње на снукер. Бев навистина добар и малку да размислував и да се посветев на тренинзите ќе заработев многу пари. Но јас не играв снукер, туку се обложував.“

Тој потрошил 3.500 фунти на својата жена Сара во една вечер. Сакал да се убие и тргнал на терапија за зависници. Но, по неколку недели сфатил дека тоа не му е потребно и дека е подобар од нив.

„Се вратив на старото друштво, а намерно би се карал со Сали за да имам изговор зошто заминав од дома. Всушност сакав да бидам во казино и да се обложувам. Бев одвратна личност. Едно утро во 2006 година се погледнав во огледало и почна да ми биде ужасно страв дека ќе изгубам се, ако нешто итно не сменам, дека ќе ја изгубам Сара и децата. Тоа беше крајот.“

Се врати на групните терапии, се посвети на семејството и полека успеа да се излечи. Сопругата не се откажа од него, иако знаела за неговата зависност и му била поддршка.

„Не ми паѓа на памет повторно да се обложувам, но и понатаму секоја недела одам на терапии. Поради другите луѓе кои доаѓаат таму. Страшно е тоа.. Имаат 25, а изгледаат како да имаат 105 години.“

„Не верував дека моите деца ќе доживеат јас да освојам титула.“

Долго време еден играч не прославил толку емотивно некоја титула.

„Се надевав дека моите деца ќе го доживеат ова еден ден, но јас не верував во тоа. Но еве ме, тука сум. Жал ми е што го нема татко ми, кој е болен и не можеше да дојде. Но ми позајми пари за да дојдам на турнирот.“

Нема долго да се памети Северна Ирска и титулата на Кинг, има во снукер многу поглеми турнири. Но за човек кој бил на дното, кој се „вратил од мртвите“, благодарение на својата силна желба еден ден повторно дошол до врвот.