„Очекував Ѓоковиќ да освои само еден турнир, но тој испиша историја“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ годинава стана тенисер со најмногу гренслем-титули во историјата и така зад себе го остави Рафаел Надал.

Шпанецот вели дека не очекувал Ѓоковиќ да биде во одлична форма сезонава и да освои толку титули.

„Очекував да освои само еден турнир, но три титули во една година е навистина импресивно. Ѓоковиќ испиша историја и тоа е за почит“, кажа Надал.

Ѓоковиќ освои три од четири гренслем-титули и покажа дека нема намера да го остави врвот на АТП-листата.