Од Арсенал посакуваат фудбалер на Барселона

Од редовите на Арсенал ја разгледуваат опцијата да го ангажираат фудбалерот на Барселона, Рафиња Алкантара.

27 годишниот бразилски интернационалец во моментов настапува како позајмен во таборот на Селта Виго и она што е јасно е дека за него нема да има место во таборот на „каталонците“.

Од редовите на Барселона се подготвени да го продадат фудбалерот кој повремено играше за нив, а потоа беше испраќан на позајмици во Интер и Селта Виго каде имаше повремени блесоци.

Сега Арсенал го посакува како замена за Дани Себалјос кој ќе се врати во Реал Мадрид штом неговата позајмица истече.