Од Јувентус открија каква е ситуацијата околу трансферот на Марио Манџукиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Манџукиќ сеуште го нема пронајдено својот нов клуб а повеќе од јасно е дека во Јувентус повеќе не сметаат на него.

Манџукиќ веќе некое време не е во плановите на Сари кој му препорача да го напушти клубот. Претходните денови се пишуваше дека Манџукиќ својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Катар и тоа во дресот на Ал Рајан.

Меѓутоа, одеднаш овој трансфер беше стопиран бидејќи Манџукиќ бил незадоволен кога видел на какви терени тренира катарскиот клуб.

Италијанските медиуми потврдија дека од трансферот за сега нема ништо, но Манџукиќ го посакуваат уште неколку катарски клубови.. Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи препорача дека сите треба да бидат трпеливи бидејќи рокот за трансфер во Катар трае до крајот на овој месец.

„Ситуацијата околу Манџукиќ е комплицирана и трансферот моментално е на пауза. Бидете трпеливи уште некое време бидејќи прелазниот рок во Катар трае до 30. септември. Ќе видиме што ќе биде во наредните денови. И ние чекаме вести околу се!“, изјави Паратичи.