Од Тотенхем сепак нема да го продаваат фудбалерот кого многумина го видоа надвор од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Тотенхем немаат намера да го пуштат Тангуј Ндомбеле да си оди од клубот ова лето.

23 годишниот фудбалер од средниот ред се поврзуваше со заминување од Лондон откако Барселона пројави интерес за неговите услуги.

Ндомбеле не е баш во најдобри односи со Жозе Мурињо, но се верува дека од таборот на Тотенхем не сакаат да се откажат од него по само една година од неговиот скап трансфер од редовите на Лион.