Одличен настап на Велковски и Димитриевиќ на Светското Таеквондо ИТФ првенствово Бугарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Светското Таеквондо ИТФ првенство кое од 24 до 30 август се одржа во Пловдив, Бугарија, нашата Македонија беше претставена од натпреварувачите на таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец, Охрид.

Под водство на претседателот на  федерацијата, Марјанчо Лазаревски, натпреварувачите Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски имаа сосема забележителен настап.

И двајцата неодамна се закитија со црни појаси, кои се потребни за учество на еден Мундијал во такевондо ИТФ, па Светското првенство беше нивен деби настап на едни големи натпреварувања.

Лазаревски посочи дека тој не очекувал некој позначаен успех на неговите пулени кои го изненадиле и на натпреварувањето стигнале до четвртфиналето и биле на чекор од освојување на медал.

И Велковски и Димитриевиќ со неколку нокдауни ги победиле противниците од земји кои се на далеку поголемо ниво од нас како Чешка, Русија, Ирска и Естонија.

Лазаревски потенцира дека ова натпреварување ќе биде големо искуство за двајцата таеквондисти од кои во иднина се очекува да се вратат со медали од ваквите големи натпреварувања.