Одличен потег на шеиците: Меси му донесе еден куп пари на ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси минатото лето го изненади цел свет откако се пресели во ПСЖ, иако сите очекуваа да остане во Барселона, која сепак не можеше да му го продолжи договорот поради финансиските проблеми.

Меси доби плата од 39 милиони евра по сезона во Париз, а немаше ниту добар почеток во дресот на парижаните, но годината ја заврши со 11 голови и 15 асистенции.

Шпанска „Марка“ пишува дека Меси им донел многу пари на шеиците, односно францускиот првак добил околу 700 милиони евра, затоа што потпишал договори со многу спонзори.

„Секако дека имаме зголемување. Од договор меѓу три и пет милиони евра стигнавме до соработка од пет до осум милиони евра. Влијанието на Меси е огромно“, кажа маркетинг-директорот на ПСЖ, Марк Армстронг.