Официјално: Челси го претстави Тухел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел е нов предводник на Челси, откако лондонскиот гигант ја потврди информацијата на социјалните мрежи.

Тухел беше две ипол години во ПСЖ, каде што неодамна доби отказ и ќе стане прв Германец, кој работел на кормилото на „сините“.

Во Париз освои четири трофеи и играше финале во Лигата на шампиои, а претходно седум години работеше во Германија како тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд.

Тухел потпиша договор на 18 месеци со опција да ја продолжи соработката на уште една година.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата. Сите во мојот тим имаме почит кон Франк Лампард и за тоа што го направи за Челси. Во меѓувреме, едвај чекам да ги запознаам фудбалерите“, кажа Тухел.