Официјално: Дани Алвес се врати во Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот бразилски дефанзивец Дани Алвес се врати во Барселона и повторно ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

Барселона го потврди трансферот преку социјалните мрежи, па така Алвес се врати во екипата за која настапуваше во период од 2008 до 2016 година и беше член на една од најдобрите генерации.

Со каталонскиот гигант ги освои сите можи титули, а во 391 одигран натпревар постигна 21 гол за Каталонците.

Алвес потпиша договор со Барселона до крајот на сезоната, а ќе има можност да ја продолжи соработката со тимот до 2023 година.