Официјално: Халанд е нов фудбалер на Манчестер сити!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити потврди преку социјалните мрежи дека се договориле со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд.

Неговиот трансфер од Борусија во Манчестер е потврден од страна на двете екипи, а Халанд треба да потпише петгодишен договор со плата од 400.000 фунти, колку што заработува и Кевин Де Брајне.

Овој 21-годишен репрезентативец на Норвешка постигна 85 голови на 88 меча за Дортмунд откако пристигна од Салцбург, а играше и за Молде.

Пеп Гвардиола така ќе добие еден од најдобрите напаѓачи во светот, па сигурно навивачите со нетрпение го очекуваат неговото дерби во дресот на „граѓаните“.