Официјално: Калвин Филипс потпиша за Манчестер сити (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити денеска потврди уште еден трансфер, откако се засили со Калвин Филипс од Лидс, а тој е трето засилување по Ерлинг Халанд и Јулијан Алварез.

Англискиот шампион за 26-годишниот фудбалер плати 42 милиони фунти плус три милиони во бонуси, а Филипс го избра бројот четири на неговиот дрес.

Филипс е дете на Лидс јунајтед, а член на првиот тим е од 2014 година, додека во дресот на тимот од „Еланд Роуд“ блесна во претходните две сезони.

Одличните игри привлекоа внимание на други клубови, но сепак најупорен во борбата беше Манчестер сити.