Официјално: Мауро Икарди потпиша за ПСЖ!

Повеќе нема дилема за тоа каде ќе ја продолжи кариерата Мауро Икарди, откако минатата сезона беше на позајмица во ПСЖ.

Како што се најавуваше, ПСЖ денеска потпиша договор со Икарди, а Интер за неговиот потпис доби 50 милиони евра, плус дополнителни осум преку различни бонуси.

Во договорот меѓу двата клуба е вметната и „италијанска клаузула“ според која ПСЖ ќе мора да му доплати 15 милиони евра ако Икарди во следните 12 месеци биде продаден на некој италијански клуб.