Официјално: Милевски седна на кормилото на Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го потврди тоа што се најавуваше долго време и го постави Благоја Милевски за нов селектор на македонските фудбалери.

Управниот одбор на ФФМ денеска имаше седница на која ја донесе одлуката за поставување на Милевски за селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Актуелниот предводик на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе функцијата од 1 август 2021 година, а засега не е познато колку време ќе остане на кормилото на фудбалерите на Македонија.

Неговата позиција во репрезентацијата до 21 година ќе биде пополнета со Драган Канатларовски, кој ќе ги тренира младите фудбалери.