Официјално: Тотенхем се засили со Ришарлисон! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем го потврди четвртото засилување ова лето, а тоа е Ришарлисон кој доаѓа од екипата на Евертон за 60 милиони евра и потпиша петгодишен договор.

Освојувачот на Копа Америка и златниот медал на Олимпијадата ќе биде четврто засилување за тимот од Лондон, откако Антонио Конте претходно ги ангажираше Форстер, Перишиќ и Бисума.

Конте немаше лесна задача затоа што за Ришарлисон беа заинтересирани градските ривали Челси и Арсенал.

Бразилецот од 2018 година играше за Евертон, а притоа настапи на 152 меча и постигна 53 гола во дресот на „карамелите“.