Официјално: Тухел повеќе не е тренер на ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што се најавуваше во претходните денови и им беше јасно на сите, сега доби официјална потврда од Париз. ПСЖ го отпушти германскиот тренер Томас Тухел.

ПСЖ со соопштение ја потврди одлуката која ја донела пред неколку дена, па Тухел мора да си бара нова работа.

„Имавме детална анализа, по што ПСЖ реши да ја прекине соработката со Тухел“, соопштија кратко од Париз.

Оваа вест се знаеше уште пред неколку дена, но се чекаше само официјална потврда од Париз, па сега се шпекулира за нивни нов тренер, а главен кандидат за тоа е Маурицио Покетино, кој во минатото го предводеше Тотенхем.