Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар следната сезона ќе има нов тренер, а станува збор за Веселин Вујовиќ, кој и во минатото беше на кормилото на поранешниот европски шампион.
Информацијата дека Вујовиќ ќе потпише со Вардар се најавуваше подолг период, а конечно на прес-конференција беше потврдено дека искусниот стратег се враќа во редовите на „црвено-црните“.
Вујовиќ се враќа во Скопје по осум години пауза, кога за првпат го предводеше македонскиот шампион во период од 2011 до 2013 година.
Од комирлото на Вардар си заминува Стевче Алушовски, кој ја освои двојната круна во минатата сезона, но разочара со настапите во Лигата на шампиони.