Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После Марко Пјаца, Динамо вечерва офифијално потврди продажба на уште една млада ѕвезда.
Офанзивниот фудбалер Марко Рог постигна договор со Наполи и во наредните 48 часа официјално ќе потпише петгодишен договор со својот нов клуб.
„Многу сум среќен што заминувам во голем клуб и италијанска лига, но од друга страна не ми е лесно да заминам од Динамо и Загреб. Поминав овде прекрасна година, ја освоивме дуплата круна, игеавме во ЛШ и сега го повторивме тој фантастиучен успех. На своите сега поранешни играчи им посакувам многу среќа во продолжувањето на сезоната“, рече Марко па продолжи:
„Што се однесува до мене, едвај чекам да се приклучам на новата екипа, ова е голем чекор во мојата кариера и сигурен сум дека ќе помогнам на клубот во остварувањето во целите. Благодарам Динамо, ќе навивам за нив, но мојата сегашност и иднина и синиот дрес на друг клуб – Наполи“.
Се претспоставува дека Динамо за Рог ќе инксира околу 16.5 милиони евра, што ќе биде уште еден феноменален трансфер на клубот од Максимир.