Официјално: Икарди потпиша нов договор, Венгер доби нова очајна вест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал официјално остана без уште едно напаѓачко засилување, а навивачите на Интер не можеа да добијат подобра вест.

Одличниот млад напаѓач Мауро Икарди потпиша нов договор, во кој клаузулата ќе биде дури 100 милиони евра за оној тим кој сака да го откупи.

Така се осигураа дека никој нема да го купи аргентинскиот фудбалер во блиска иднина, и ќе можат на него да ја базираат новата екипа.

Икарди беше најголема желба на Арсен Венгер во нападот на Арсенал за следната сезона, а после Алваро Мората, Александр Лаказет и Џејми Варди, и Икарди рече конечно “не “ на францускиот стручнак.

Договорот ќе трае до 2021 година, а со новиот договор има гарантирана плата од преку 5 милиони евра без бонуси.