Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Аргентинецот потпиша за Интер.
Како што од порано се знаеше, Евер Банега е нов член на Интер.
Аргентинскиот репрезентативец на Џузепе Меаца стигна како слободен играч поради тоа што му истече договорот со Севиља.
Банега во Севиља помина две сезони и освои два трофеи по ред во Лига Европа, а пред тоа шест години беше член на Валенсија, од тоа две помина на позајмица во Атлетико Мадрид (2008/09) и Њуелс Олд Бојс (2014).
Банега ќе биде големо засилување засилување на тимот на Роберто Манчини, кој во оваа сезона ќе мора да го нападне самиот врв на Серија А и така ќе проба да се врати во Лигата на шампионите.
Банега за репрезентацијата на Аргентина одигра 47 натпревари и постигна четири голови.