Официјално: Луиз се врати „дома“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е и најавено, Челси успеа да го одбележи последниот ден од преодниот рок и да го врати Бразилецот на Стенфорд Бриџ.

Далид Луиз се врати во Лондон и повторно ја задолжи опремата на Сините.

Големото враќање на Бразилецот изненадно е објавено денеска, во почетокот беше сомнително, но медиумите од час во час доаѓаа до се поголем број на факти, до пред неколку часа лондонскиот клуб по пат на својата официјална страна објави дека со ПСЖ е се договорено и дека Луиз е на лекарски прегледи.

Парижаните ќе инкасираат 30 милиони фунти, за него Челси плати 50, па така ова е исклучителна зделка за Сините.

Тој потпиша тригодишен договор со клубот кој од клупата ги предводи Антонио Конте.

„Презадоволен сум што се вратив во Челси. Одлично соработувавме претходниот пат, и сакам да помогнам на Антонио Конте да постигне многу успех со овој клуб“, изјави Луиз.

 

Welcome back, @davidluiz_4! ???? #Geezer #CFC

A photo posted by Chelsea FC – Official (@chelseafc) on