Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега Мане и официјално стана нов играч на Ливерпул.
Тој е петттото засилување на Ливерпул од Саутемптон во минатите неколку години, а Ливерпул го плати 30 милиони фунти.
Сенегалецот потпиша петгодишен договор и ќе го носи бројот 19 на дресот.
Во редовите на Саутемптон постигна 25 голови во 75 настапи. Пред него за редовите на Редсите потпишаа младиот Марко Грујиќ и голманот Лорис Кариус.
„Голем ден за мене, бидејќи сум многу среќен што потпишав за едне од најголемите европски тимови“, рече Сане, и додаде:
„Едвај чекам да се сретнам со новите играчи и персоналот“.