Официјално: Милан конечно доведе играч за врска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се и најавуваше, Аргентинецот е најнова аквизација за Росонерите.

Како што пишувавме денеска на лекарски прегледи во Милан стигна довчерашниот фудбалер на турскиот Бешикташ Хозе Соса.

Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид усппеа да ги помине сите прегледи и официјализиран е како ново засилување на клубот од Сан Сиро.

Овој 31-годишен фудбалер веќе играше во Серија А во редовите на Наполи, но под Везув не остави баш најдобар впечаток.

Се претпоставува дека шампионот на Турција за услугите на искусниот играч за врска ќе инкасира 7.5 милиони евра, а Соса со Росонерите потпиша двегодишен договор.

Да потсетиме, пред искусниот Аргентинец во клубот во „претстолнината на модата“ досега стигнаа Џанлука Лападула (Пескара), Густаво Гомез (Ланус) и Леонел Ванџиони (Ривер Плата).